Чешка ја прегази Унгарија во вториот дуел, Украинците поразени и од Тунис

Ракометните стручњаци сметаат дека натпреварот против Чешка е нашиот најзначаен дуел во групата на Европското првенство. Формата на чешкиот национален тим варира, а тоа најдобро може да се забележи во двата натпревари со Унгарија за време на викендот. Ако вчера убедливо загубија со 27-24, Чесите денес одговорија и авторитетно ги совладаа Унгарците на гостински терен со 22-31. 

Селекторскиот тандем Филип-Кубеш може да биде задоволен од прикажанато, посебно со пристапот на средбата и начинот на кој Чесите го одиграа првото полувреме. 

Нашиот прв ривал во „Штадхале“ во Виена, селекцијата на Украина го претрпе и третиот пораз на „Јелоу Купот“ во Швајцарија. Украинците денес загубија од Тунис со 34-32. Најдобар стрелец во украинскиот табор беше Акименко со осум погодоци, а настапија и двајцата ракометари на Еурофарм Пелистер, Шевелев и Остроушко.

Претходно, селекцијата на Украина загуби и од Холандија и од Швајцарија.