Чешка ја изненади „фуријата“ на СП, Франција рутински со Јужна Кореа

Репрезентацијата на Чешка забележа важна победа во четвртата група од ракометниот Мундијал и славеше над фаворизираната Шпанија со конечен резултат 30-22. 

„Фуријата“ одигра прилично бледо и имаше негатива од четири гола на паузата (9-13), а потоа чешките ракометарки со уште посилно темпо успеаја да го надиграат ривалот и го добија и второто полувреме, по што конечниот резултат гласеше 30-22. 

Најефикасна ракометарка во победничкиот тим беше Јерабкова со девет постигнати голови, додека кај „фуријата“ намногу се истакна Перез, која запиша шест гола зад своето име. Чешка стигна до шест бодови, но Шпанија е второпласирана поради подобрата гол-разлика. 

Во втората група денес немаше големи изненадувања и Франција заслужено ја оправда фаворитската улога против Јужна Кореа, славејќи со конечни 32-22. 

„Триколорите“ беа во одличен ритам и водеа со пет гола разлика уште по првиот дел (12-17), а до крајот само рутински го одработеа натпреварот и се чинеше дека играат толку колку што е потребно. Корејките во ниту еден момент не се доближија премногу до ривалот, а на крајот конечните 32-22 беа вистински одраз на случувањата на теренот. 

Франција сега е на второто место во групата и има исто бодови (шест) колку што има и Норвешка. Во следното коло токму овие две селекции ќе го одиграат дерби-дуелот за лидерското место во оваа конкуренција.