Чешка беше пресилна, трет пораз за Македонија У19 на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години го забележа и третиот пораз на Европското првенство, откако загуби од селекцијата на Чешка со убедливи 41-24. 

Нашите девојки немаа сили да му се спротивстават на ривалот кој ја покажа својата моќ уште во првото полувреме, а на паузата имаа негатива од осум голови (18-10). 

Во второто полувреме Македонките постигнаа 14 гола, наспроти 23 на противниците, немајќи можност да се надеваат на поинаков епилог. Нашата репрезентација ја завршува групната фаза со три порази. 

Леона Миленкоска постигна пет голови за Македонија, еден помалку додаде Дона Тодоровска, а три гола имаше Анастасија Трпеска.