Черваровите моменти на „лудило“: Немојте да се одмарате, така не се игра!

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Лино Червар на мечот против Шпанија уште еднаш ја покажа својата тактичка подготвеност и ја предводеше својот репрезентација кон нова победа на Мундијалот во Германија и Данска.

Червар, како и многупати досега, активно учествуваше во текот на целиот меч и се обидуваше со неговите познати гестикулации да ги подигне своите ракометари во моментите кога имаа кризни моменти.

„Немојте да ми се одмарате на теренот. Не можеш да седиш во одбраната кога имаме играч помалку, така не се игра“, енергично викаше Лино Червар на еден од тајм-аутите.

Хрватска првата фаза на Мундијалот ја заврши со максимални пет победи и во следната рунда оди со четири бода. Прв предизвик за Хрватите ќе биде дуелот против Бразил, па следи меч со Германија, а втората фаза ќе биде заокружена со Франција.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0