Червар: Сите пцуеја по селекторот за Мараш, но тоа момче и претходно требаше да игра!

Три порази во пет натпревари не е она на што навикнала хрватската ракометна репрезентација. Иако два од тие три порази се од објективно поквалитетни репрезентации како Данска и Франција, Хрватите не може да му ја простат на селекторот Хрвоје Хорват лошата партија и убедливиот пораз во четвртокот против Црна Гора.

По сериозните критики од хрватските легенди пред ТВ камерите, поранешниот селектор Лино Червар застана во одбрана на својот претходник и долгогодишен соработник. Тој порача да се верува во младите ракометари и во иднина.

„Треба да се ​​даде шанса, но сериозна шанса на младите играчи. Треба конечно да престанеме да се сомневаме во младоста и да им дадеме одговорност. Тоа е единствениот начин да ги добиеме вистинските играчи. Јасно е дека во тимот треба да има поискусни играчи, како Мариќ, но овие играчи мора да бидат во синергија со овие млади момци. Мора да има хомогеност и неопходно е сите да дишат како еден.

Сите го пцуеја Хорват поради Мараш, а тој Мараш мораше и претходно да биде во тимот. Кој би рекол пред натпреварот дека малиот Матео ќе игра вака и ќе постигне неколку голови?

Но, лесно е да се биде паметен после натпревар. Не заборавајте дека оваа младина до самиот крај парираше против репрезентацијата која освои злато на последните две Светски првенства“, истакна претходникот на Хрвоје Хорват.

Хрватска никогаш не била вака ниско класифицирана, како што ќе биде по ова Европско првенство и може да биде потенцијален ривал на македонската репрезентација во евентуален втор бараж за пласман на Светското првенство.