• Мартин Танасковски
Хрватскиот стратег кој го предводи Металург, Лино Червар, го покажа својот темперамент на мечот против ракометниот првак Вардар во рамки на СЕХА-лигата.
Червар цел меч имаше забелешки на судењето, потскокнуваше крај аут-линијата, а во 15. минута од второто полувреме тој „експлодираше“ и отиде крај записничката маса, каде влезе во вербална расправија со Драган Начевски.
За време на расправијата, која ја смирија Дибиров и Петрушевски, Червар потсети на Веселин Вујовиќ, екс-стратегот на Вардар кој за време на неговиот престој во Македонија често знаеше да влезе во вербални дуели со Начевски.
Главни судии на мечот меѓу Вардар и Металург беа македонските судии Исмаил Металари и Ненад Николовски.