Червар: Победивме силен Исланд, но ова е само прв мундијалски чекор

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Победата над Исланд селекторот на хрватската репрезентација и поранешен предводник на нашиот национален тим, Лино Червар ја окарактеризира како еден од најголемите пресврти во историјата на хрватскиот национален тим. Бодрени од илјадници Хрвати во Минхен, петттопласираните од последното Европско првенство, повеќе со срце, отколку со смислен план славеа против жилавите Скандинавци.

На прес-конференцијата по натпреварот Червар рече: 

„Нашиот почеток не беше добар, нашата одбрана не реагираше најдобро, а нападот правеше грешки кои беа невообичаени за нас. Во вториот дел напаѓавме многу подобро, во нападот имавме многу солуции против нивната одбрана. Морам да потенцирам дека Исланѓаните беа силен противник, но мислам дека заслуживме победа. Сепак, ова е само прва победа и имаме уште многу натпевари до крајот на групната фаза. Одбраната го доби натпреварот, но и карактерот - се враќавме неколку пати од минус. Домагој Дувњак е наш лидер, многу ни е важен. Тоа што го немавме на Европското првенство беше голем проблем и со него во ростерот сме многу посилни. Горд сум што имавме ваква поддршка среде Германија“. 

Хрватска в недела игра против Јапонија, а ден подоцна ќе се сретне со Македонија во дуел на двете селекции со најголем број навивачи во групата во Минхен.  

„Имам голем респект за Македонија и денес покажа одличен натпревар. Имаме друг противник пред Македонија, па мислиме само на Јапонија, против која ќе играме в недела“, заврши Червар.

Со скептизицм беше испратен во Минхен, но хрватскиот тим се издигна и запиша значајни бодови за место во главната групна фаза. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0