Червар: Не смее судии аматери да одлучуваат за нашите судбини!

Стратегот на Хрватска, Лино Червар, беше видно револтиран по минималниот пораз од Германија на Светското првенство (СП) со кој неговите ракометари ги загубија шансите за пласман во нокаут-рундата.

Дуелот се одлучуваше во последната минута, а го одбележаа дискутабилни судиски одлуки. За нив говореше трофејниот тренер и вели дека истите се чиста кражба за која не смее да се молчи и за која мора да се зборува јавно.

„Нам ни одеше, но судиите не ни дозволија да победиме, морам да го кажам тоа јасно и гласно. Ова е кражба која ја виде целиот ракометен свет. Тие и Данците нѐ украдоа и на првенствата во 2008, 2009 и 2010 година. Ние ја заслуживме победата. Без никаква навреда, не смее судии аматери да одлучуваат за нашите судбини. Не може нивниот насилнички пристап нам да ни ја украде победата. Игравме лошо со Бразил, но денес ја надигравме Германија. Ние, граѓаните на Хрватска, мора да се бориме за достоинството и да не дозволуваме некој да не краде јавно. Мора да им честитам на играчите, тие одиграа херојски. Лошо е кога однапред се знае победникот. Овие судии треба да бидат елиминирани од судиската организација“, изјави Червар.

Хрватска во последното коло од втората фаза игра против фаворитот во групата Франција.

СП, Главна фаза, Група 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ГерманијаГерманија 5 4 1 0 136:116 20 9
2 ФранцијаФранција 5 3 1 1 133:122 11 7
3 ХрватскаХрватска 1 5 3 0 2 124:117 7 6
4 ШпанијаШпанија 1 5 2 0 3 147:136 11 4
5 БразилБразил 5 2 0 3 128:149 -21 4
6 ИсландИсланд 5 0 0 5 122:150 -28 0