• Мартин Танасковски

Однесувањето на селекторот Хрвоје Хорват и фактот дека Хрватска не ја мина посакуваната втора фаза на Светското првенство (СП) предизвикаа бура во земјата на „каубоите“. Многумина бараат оставка од селекторот, а Хрватската ракометна федерација чека на коментар на Лино Червар.
Славниот тренер кој е координатор на тренерите во хрватските ракометни секции во изјава за „Индекс“ се огласи по повод однесувањето на Хорват. Кажа дека има што да каже, но не е негов стил веднаш да се прави паметен, туку ќе почека некое време емоциите да спласнат.
„Можеби не е најдобар момент веднаш да реагирам, да оставиме да минат неколку дена, а потоа ќе кажам што мислам. Не е мој стил веднаш да се правам паметен, иако, морам да потенцирам дека имам што да кажам. Го имам водено националниот тим на 250 натпревари и на човек се може да му се насобере. Најдобро ќе биде да кажам нешто паметно за неколку дена, а не сега кога сум под емоции од случувањата“, изјави Червар.
Хрватска го заврши СП 2023 на деветтата позиција во генералниот пласман.