• Горан Упале

Поранешниот селектор на Македонија, Лино Червер, смета дека Хрватска требаше тактички поинаку да го одигра финалниот натпревар од Светското првенство.
Хрватската ракометна репрезентација постигна голем успех на неодамна завршеното Светско првенство. По прекрасната победа против Франција во полуфиналето, избраниците на Дагур Сигурдсон мораа да се задоволат со среброто откако во финалето загубија од моќната Данска. Иако Данска е во неверојатна серија од четири Мундијали без пораз, Червар смета дека имало еден начин да се дојде до победата.
„Многу ми е драго што ракометот се врати дома, што се вративме на врвот на светот. Можевме ли да ја победиме Данска во финалето? Можевме. Како? Со одбрана каква што ѝ одигравме на СП 2023 кога резултатот беше 32-32. И таму игравме одбрана 5-1, но малку поразлична од онаа со Мамиќ. Тогаш најистурен беше Јелиниќ. Не знам дали нашиот стручен штаб ги гледаше снимките од тој натпревар, но тоа беше можеби единствениот начин да се запре Данска. Но, без разлика, среброто е голем успех“, рече Червар.
Хрватска во големото финале се пласираше со две спектакуларни победи во Загреб над Унгарија во четвртфиналето и над Франција во полуфиналето.