Червар може да добие драстична казна поради острите критики кон судиите

Лино Червар

Завршницата на вчерашниот меч помеѓу Германија и Хрватска беше проследена со незадоволство и бурни реакции од клупата на „коцкестите“.

Најгласен од сите нив беше селекторот Лино Червар кој беше гневен на судиската двојка од Данска. Според него голем дел од одлуките на Данците им помогнаа на домашните ракометари да стигнат до конечната победа. За да биде уште полошо, 68-годишниот стратег во интервјуата по натпреварот продолжи да ги набројува моментите во кои данските арбитри ѝ наштетиле на неговата репрезентација.

Фаулот во напад на Игор Карачиќ и претходно престрогата одлука при нападот на Германците која ги спречи Хрватите да тргнат во контра напад беа моментите со кои Хансен и Гединг го навлекоа гневот на хрватскиот табор по конечниот судиски свиреж.

Со поразот, Хрватска ги загуби сите шанси за полуфинале на Светското првенство, а против Франција ќе мора да победи доколку сака да има шанси да се пласира на Олимписките игри во Токио 2020.

СП, Главна фаза, Група 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ГерманијаГерманија 5 4 1 0 136:116 20 9
2 ФранцијаФранција 5 3 1 1 133:122 11 7
3 ХрватскаХрватска 1 5 3 0 2 124:117 7 6
4 ШпанијаШпанија 1 5 2 0 3 147:136 11 4
5 БразилБразил 5 2 0 3 128:149 -21 4
6 ИсландИсланд 5 0 0 5 122:150 -28 0