Червар: Македонија е моја втора татковина, но сите мои ученици ќе сакаат да ме победат!

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Лино Червар за првпат ќе се соочи со македонската репрезентација на еден официјален натпревар по 15-то место кое го освои на нашето кормило на Мундијалот во Франција пред две години.

Хрватскиот ветеран на клупата го анализираше триумфот над Јапонија, но најголем дел од прес-конференцијата говореше и за дуелот против Лазаров, Манасков, Кузмановски...

„Не треба да славиме што победивме на првите дуели, бидејќи утре ни следи Македонија. Многу добро ги познавам, скоро сите беа мои ракометари ќе сакаат да ме победат. Но, Македонија е моја втора татковина и таму ракометот е број еден и тоа денес не е лесно да се оствари. Сакам да им честитам на тоа. Тие имаат една легенда како Кире, кого имав можност да го тренира. Но, не е само Лазаров, тука е Столе, голманите, малиот Поповски... Респект за македонската репрезентација. Бев нивни селектор, често игравме „седум на шест“ и тоа изгледаше добро. Со хрватската репрезентација немав доволно време да играм таков систем. Но, кој знае можеби утре баш ќе играм така. Сепак, мора да потенцираме дека Македонија тоа добро го игра, па еве и денес играа одлично „седум на шест“. 

Червар и Раул првпат ќе бидат еден наспроти друг во репрезентативниот ракомет, откако многу пати се надмудруваа во дуелите на Металург и Вардар
 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0