• Мартин Танасковски
Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Металург, Лино Червар, ја заврши соработката со Хрватската ракометна федерација каде ја имаше улогата како координатор која сега е укината.
„Каубоите“ разочараа на СП 2023 каде завршија како деветти и почнаа реформите. Променет е селекторот Хорват и целиот стручен штаб, а во целата ситуација настрада и Червар, кој не го криеше револтот од одлуката и го нападна Зоран Гобац, некогашниот прв човек на хрватскиот ракомет.
„Јас не бев никаков координатор на хрватската сениорска репрезентација. Постои договор кој говори за тоа и за тоа ми е жал. Такви лаги да се кажуваат јавно, е тоа е храброст. Зоран Гобац ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот. Мислеше дека јас сум му опасност, а јас никому не сум опасност. Јас се бавам со ракомет, пишувам стручни работи, немам никакви амбиции“, изјави Червар.
На местото на Хрвоје Хорват пристигна Горан Перковац. Интересно, селекторот на сениорскиот тим беше разрешен по извештајот на Лино Червар.