Червар, легендо: Ракометниот „филозоф“ испиша историја со полуфиналето на ЕП

Хрватскиот селектор Лино Червар испиша историја со пласманот во завршницата на овогодишното Европско првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

69-годишникот од Истра стана само третиот тренер со двоцифрен број завршници на Европските и Светските првенства, како и на Олимписките игри. Зад него сега остана славниот руски селектор Владимир Максимов.

На врвот на листата се Французинот Клод Онеста и Швеѓанецот Бенгт Џонсон со по 14 завршни учества на големите турнири.

Петтата позиција ја делат три големи имиња. Тоа се данскиот стручњак Улрик Вилбек, францускиот тренер Даниел Константини и Германецот Хајнер Брант со седум настапи.

Хрватска чекори кон сонот да освои европско злато, одличје со кое никогаш не се закитила.

>>> Карачиќ и Шего ја срушија Германија, хрватски реванш за кражбата во Келн

>>> ВИДЕО: Шего е херој на „каубоите“ – еве како донесе полуфинале за Хрватска!