Червар: Лазаров добро ја проучил мојата книга, Македонија играше одбрана како никој досега!

Лино Червар, легендата на хрватскиот ракомет и поранешен селектор на Македонија за хрватски „Нет“ даде анализа на досегашните случувања на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Секако, искусниот стратег зборуваше и за Македонија, и истакна дека нашиот селектор Лазаров сигурно добро ја анализирал неговата книга.

„Лазаров добро ја проучил мојата книга. И тој, со еден врвен играч како Кузмановски, кој порасна со мене во Металург, и нова, поинаква одбрана, ја држеше Португалија на раб на елиминација, која вчера ја победи Данска. Да не му паднеше топката од рака двапати на Македонците, Португалија ќе беше елиминирана. Македонија е скромна репрезентација, но со иновативен пристап што ги надминува своите граници“, рече Червар.

Оддалечување од застарената зона 6-0 е во центарот на анализата на Червар. Тој тврди дека иднината на ракометот лежи во креативното и проактивно размислување, што Лазаров и Македонија го демонстрираа на Европското првенство.

„Тие проактивно играа одбрана каква што никој никогаш не играл, што го предлагам во книгата. Со тоа, тие целосно ги запреа браќата Коста и не им дозволија да играат. Токму затоа што Македонија играше проактивно. Имаме два начина на проактивна одбрана – одбраната 5-1 од најсовремен тип што ја предлагам во книгата и она што го игравме 5-1 таму од 2003-2004 година и онаа против Французите минатата година на Светското првенство, кога ги победивме“, вели Червар.

Македонија веќе го заврши својот настап на ЕП, но секако дека момците на Кирил Лазаров оставија позитивен впечаток. Доказ за тоа се и пофалните зборови на легендарниот Червар.