Червар им се извини на новинарите и порача: Да, ќе ја напуштам Хрватска!

Ракометната репрезентација на Хрватска, синоќа го сруши светскиот шампион Франција и остана во игра за петтата позиција на Мундијалот во Германија и Данска.

По херојскиот триумф, предводникот на „каубоите“, Лино Червар, овој пат беше смирен пред новинарите и им се извини за испадот по триумфот над Франција 

„Извинете, навистина ми е жал. Бев во хаос и во налет на емоции реагирав така. Жал ми е, ова го кажувам и во име на Хрватската ракометна федерација. Требаше некои работи на поразличен начин да ги кажам. Луѓето кои не се во ракометната репрезентација не можат да сфатат што се случува тука, но тоа е друга тема. Што се однесува за моето заминување, точно е дека ќе си одам. Тоа го најавив уште од порано. Тука се вратив за да помогнам и за Хрватска секогаш ќе го правам тоа. Реков дека идната години сигурно заминувам, но сега сè уште сум на Светското првенство и ме чека нов натпревар“, рече Червар. 

Хрватска во борбата за петтото место на Мундијалот ќе се сретне со селекцијата на Шведска, за два дена во Хернинг. 

СП, Главна фаза, Група 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ГерманијаГерманија 5 4 1 0 136:116 20 9
2 ФранцијаФранција 5 3 1 1 133:122 11 7
3 ХрватскаХрватска 1 5 3 0 2 124:117 7 6
4 ШпанијаШпанија 1 5 2 0 3 147:136 11 4
5 БразилБразил 5 2 0 3 128:149 -21 4
6 ИсландИсланд 5 0 0 5 122:150 -28 0