Червар и Хрватска се намачија да ја „скршат“ Црна Гора во Сплит

Репрезентацијата на Црна Гора, која е втор противник на македонскиот национален тим на Европското првенство во Хрватска, вечерва во „Спаладиум арена“ во Сплит пред 10.000 гледачи, загуби од домашната Хрватска со 25-22 (13-10) во подготвителен натпревар.

Лино Червар си неговите пулени се намачија да ги совладаат момците на поранешниот македонски селектор Драган Ѓукиќ, па дури во последната четвртина од натпреварот го скршија отпорот на жилавите Црногорци, за кои не настапи Вуко Борозан.  

Васко Шеваљевиќ со шест гола беше најефикасен кај Црна Гора, а Мануел Штрлек со пет погодоци се издвои во победата на Хрватска. „Коцкестите“ на континенталниот собир дебитираат против Србија, а Црногорците ќе се соочат со Германија.