Червар го заштеди Циндриќ, Хрватска лесно ја декласира Јапонија

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Еден од фаворитите за медал, селекцијата на Хрватска на Лино Червар ја совлада Јапонија и многу не се потроши пред натпреварот против Македонија утре попладне. Хрватите славеа со 35-27 (18-13) и им се приклучија на македонските репрезентативци на врвот на табелата по неполни две кола. Червар целосно го заштеди Циндриќ, кој не влезе ни минута на терен, скратена минутажа имаа и Дувњак и Бичаниќ, а по едно полувреме бранеа и Шего и Стевановиќ.

Избраниците на Червар почнаа во голем стил, Шего и одбраната делуваа перфектно и со лесни контра напади и три погодоци на празен јапонски гол, Хрватска поведе со 9-2. Токуда единствен возвраќаше и со четири гола до полувремето, ја врати Јапонија во натпреварот. Следеше нов хрватски „бран“, голови на Степанчиќ и ракометарите од клупата, за 18-13 по првиот дел.

Иако Јапонците се доближија до -4 на почетокот од вториот дел, започна шоуто на Степанчиќ, по некој гол постигнаа Штрлек и Хорват и во 41. минута предноста стана двоцифрена. Со леснотија и атракција, „каубојите“ го приведоа натпреварот кон крај и извојуваа победа од 35-27.

Најефикасни во хрватскиот табор беа Хорват со осум и Степанчиќ со пет погодоци, а кај Јапонците се истакна Шиносуке Токуда. Утре, Хрватска е ривал на македонската репрезентација, а Јапонија се среќава со Шпанија. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0