• Горан Упале

Легендарниот Лино Червар веќе е во Битола и од денес и официјално ја започнува својата последна мисија како ракометен тренер. Со повеќе од пет децении тренерско искуство, хрватскиот стратег пристигна во Битола да го пренесе своето драгоцено знаење, а на денешната прес конференција го претстави и останатиот дел од стручниот штаб.
На тоа поле нема да има промени. Соработници на Червар ќе бидат Алексо Лембанов – прв асистент, Ице Соколески – тренер на голмани и Александар Марковски – фитнес тренер.
Пелистерци стартот на подготовките за новата сезона ќе го започнат на 26 јули, а по базичните тренинзи на домашно тло, екипата ќе се упати за Словенија, каде Червар ќе ја темпира формата за предизвиците што го очекуваат.
