„Гиневме еден за друг, се фрлавме на под и сега време е да прославиме со пиво“

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Лино Червар извојува уште една голема победа над своите критичари и креираше супер тим кој на Светското првенство плени со стилот на игра и карактерот. По вечерашната победа над Шпанија со 23-19, поранешниот македонски селектор не го криеше задоволството, па и малку се пошегува со новинарите.

„Момците играа феноменално, гинеа еден за друг, се фрлаа на под и тоа не за пари, туку за својата земја. Горд сум на нив и им се одушевувам. Многумина со микроскоп ги бараа моите грешки, но навивачите секогаш ме поддржуваа. Ме прашувате каков е сега планот? Планот е сега да испиеме по некое пиво, да си честитам и да прославиме, па потоа продолжуваме понатаму“, рече Червар.

Хрватска е една од трите селекции кои имаат максимален учинок по петте одиграни натпревари. Покрај Данска и Шведска, „каубојите“ оставија најсилен впечаток и конкурираат за место во полуфиналето следниот викенд. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0