Червар ги повика Јагањац и Карачиќ за квалификациите против Швајцарија и Белгија

Селекторот на хрватската репрезентација, Лино Червар, го објави поширокиот список од 28 ракометари, од кои ќе бира 16 што ќе настапат на средбите од квалификации за ЕП 2020 година.

На списокот се наоѓаат и ракометарите на Металург и Вардар, Халил Јагањац и Игор Карачиќ, кои сосема сигурно ќе се најдат и на скратениот список за натпреварите со Швајцарија и Белгија

Повратник во ростерот на „коцкестите“ ќе биде и плејмејкерот Домагој Дувњак од Кил, кој не беше дел од последните репрезентативни акции. На списокот се наоѓа и поранешниот ракометар на Вардар, а сега на Киелце, Лука Циндриќ.