Червар: Денешните играчи се „меки“, а Сарачевиќ беше од челик...

Не престануваат импресиите по смртта на легендарниот хрватски ракометар Златко Сарачевиќ. 

Лино Червар уште еднаш зборуваше јавно за својот голем пријател и колега од ракометните терени. 

„Живееше за ракомет. Тој беше алтруист, секогаш подготвен да помогне. Мирен, воздржан, рационален, тој имаше многу добри опсервации. Можеби и овој случај нè поттикнува да размислиме дали имаме вистински однос кон тренерите. Тренерите се потценети и сите се многу гласни кога треба да бидат обвинети за неуспех.

Тој сакаше да слуша, но беше рационален знаејќи кога и што да каже. Од нашата соработка, тој ја пренесе одбраната од 5-1 во клубовите, се распраша за тоа и не се срамеше да праша нешто. Можеби имаше медали, но тој секогаш сакаше да прима и да бара информации. Не попушти на негативни емоции, секогаш наоѓаше нешто позитивно“, рече хрватскиот стратег.

Во однос на Сарачевиќ како играч, Червар рече:

„Тој се пензионира малку пред да дојдам јас, остатокот од оние постари играчи беа Голужа, Јовиќ, Келентриќ... Тој гледаше сè. Најмногу го бараше првиот агол со ниски удари кои потешко се бранат. За многумина раката трепереше, но не за него. Кога нешто не одеше, тој ќе се појавеше и ќе постигнеше пет по ред. Денес, многу играчи се „меки“, а тој беше направен од челик, така што ништо не може да го навредиили повреди. Цврст, стабилен, силен...“.

Сарачевиќ беше асистент на Червар за време на Европското првенство на домашен терен во 2018 година.