ФОТО: Челниците на РФМ од првиот ред го бодрат националниот тим

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов како и на секој натпревар на националниот тим, пак од првиот ред ја бодри репрезентацијата.

Првиот човек на мак-ракометот со шал околу вратот се смести во свечената ложа на „Парк“ во Струмица и веројатно пред полни трибини се надева на нов триумф. Заедно со него е и генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски. 

Откако Мукаетов е претседател, Македонија е редовен учесник на големите приредби, па без разлика на исходот од овој дуел, ќе игра на следното Европско првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

Подобрата опција е победа или реми за осигурување на првото место во групата. Ждрепката за групите на континенталниот собир ќе се одржи на 27 јуни во Виена.