Челниците на РФМ ги охрабрија репрезентативците пред клучниот натпревар

Како се наближува почетокот на клучниот натпревар во групата Б на Европското првенство, адреналинот расте, „Фалангата“ се собира во арената во Виена, а ракометарите се загреваат. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски го почувствуваа моментот и пред натпреварот против Австрија директно се симнаа од трибини да ги поздрават ракометарите.

Заедно со спортскиот директор Димитар Митревски тие ги охрабрија Лазаров и другарите и им посакаа среќа пред дуелот со Австрија. 

Македонија има три сценарија за пласман во главната групна фаза: 

  • Ако ја победиме Австрија со два гола, Македонија ќе се квалификува во главната групна фаза и ќе пренесе два бода.
  • Победа од еден гол, но со барем 32 погодоци и повеќе ни носи квалификации и пренесени два бода.
  • Македонија и со реми може да го завери билетот за пласман меѓу најдобрите 12 репрезентации, но под услов Украина да ја совлада Чешка

Бојан Лах и Давид Сок од Словенија, судии со големо искуство на ракометните терени и натпреварувања, ќе ја делат правдата на денешниот натпревар.