Чегаљ се претстави во Охрид: Соиграчите се перфектни, а градот ме импресионира

Еден од најдобрите македонски клубови до прекинот на Суперлигата зарадои пандемијата од ковид-19, ГРК Охрид не менуваше премногу во играчкиот кадар и за новиот шампионат. Српскиот интернационалец Игор Чагаљ е единствено засилување на охриѓани ова лето. 26-годишниот Чагаљ игра на позицијата кружен напаѓач, висок е 200 сантиметри и тежи 98 килограми и ќе биде корисен за екипата во двата правци.

Чагаљ ги засили охридските редови од Металопластика, со кој играше регионалната СЕХА лига.

„Првите мои импресии се одлични. Момците се перфектни, а градот ме импресионира. Моите и очекувањата на клубот се поклопија уште во преговорите и затоа сум тука. Очекувам успешна сезона, но прво да одработиме добри подготовки“, рече Чагаљ.

Со доведувањето на Чагаљ, Охрид има повеќе опции на позицијата пивотмен, бидејќи тука се и искусниот Иван Тасески и ракометарот од младинскиот погон, Кристијан Димитриески. Избраниците на Раде Стојановиќ ќе бидат дел од Струшкиот ракометен турнир од 12 до 16 август, а ќе одиграат уште неколку тестови со екипи од нашата земја.