ВИДЕО: Час по асистенции на Петровски – од зад грб, па мајсторски за цепелин на Ѓукиќ! 

Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник има негатива од четири гола по првите 30 минути на натпреварот од СЕХА лигата против ППД Загреб

„Плинарите“ одиграа квалитетно полувреме и заслужено со позитива заминаа на одмор, но и домашните ракометари имаа што да покажат пред битолчани и постигнаа два супер-атрактивни гола. За двата асистент беше искусниот Михаил Петровки, откако најпрво од зад грб го проигра Ѓукиќ, а потоа во свој стил испрати додавање за цепелин токму на српското крило. 

Атрактивните асистенции на Петровски и головите на Ѓукиќ против ППД Загреб:

 

Денешниот натпревар за битолчани е последен пред својата публика во „Боро Чурлевски“, а до крајот на годината ги чекаат дуели уште со Спартак Москва и Веспрем на гости.