Чаневски: Започнавме со грч и со преголем респект за Еурофарм Пелистер

Екипата на Бутел Скопје одново немаше сили за надигрување со Еурофарм Пелистер и втора година по ред од истиот ривал е елиминиран во полуфиналето од Купот на Македонија. 

Во салата „Јасмин“ во Кавадарци пелистерци славеа со рутински 25-21, а поразот го призна голманот на бутелци Градимир Чаневски.

„Во првото полувреме влеговме со мал грч и можеби со преголем респект кон противникот. Но, во второто полувреме покажвме дека знаеме да играме ракомет и мислам дека одигравме подобро од Еурофарм Пелистер, но разликата беше преголема и не успеавме да ја анулираме. Ова е голем успех за Бутел, клубот од година во година расте“, рече Чаневски.

Противник на битолскиот тим во финалето в недела ќе биде Вардар, кој ќе се обиде одново да му зададе удар на големиот ривал и да го одбрани трофејот во Купот.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија