Чаневски: Со поддршка од трибините да ја испратиме годината со позитивен резултат

Откако на стартот од СЕХА лигата ги совладаа Спартак Москва, Металопластика и Веспрем, ракометарите на Еурофарм Работник го нападнаа самиот врв на групата Б. Сепак, четирите порази во серија ги спуштија на земја, па сега мораат да бркаат победа над ППД Загреб за да останат во игра за четвртото место во групата. 

Голманот Градимир Чаневски на денешната средба со новјнарите изјави:

„Ни следи тежок натпревар, знаеме каков ривал е ППД Загреб. Искусни се од настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Наше е да направиме публиката да ужива и да ја испратиме годината со позитивен резултат. Се надевам дека ќе добиеме адекватна поддршка за да ја оствариме целта“.

Иако се надеваа дека од утрешниот натпревар ќе играат под новото име, Еурофарм Пелистер, сепак ќе мора да причекаат, па по завршувањето на комплетната процедура во централен регистар, клубот ќе настапува под новото име.