ВИДЕО: Чаневски со место меѓу најдобрите СЕХА-одбрани во декември

Голманот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски, доби место меѓу најдобрите одбрани во регионалната СЕХА-лига за месец декември.

Македонскиот чувар на мрежата имаше одлична интервенција во дуелот со ППД Загреб кој се одигра во Битола, а од натпреварувањето решија да го наградат со место меѓу одбраните на месецот.

  • Најдобрите одбрани во СЕХА-лигата за декември:

Еурофарм Пелистер оди во наредната фаза на СЕХА-лигата и го чека натпревар двомеч против хрватски Нексе.