Чаневски: Секој од нас треба да сноси одговорност, ваков пораз не треба да ни се повтори 

Битолски Еурофарм Работник не успеа повторно да ги израдува своите фанови и забележа нов пораз во ЕХФ Купот, откако во салата „Боро Чурлевски“ беше надигран од германски Хановер. 

Искусниот голман на „фармацевтите“ Градимир Чаневски по мечот изјави дека овој пораз треба да биде поука како не треба да се игра на свој терен и се надева дека секој ќе ги согледа грешките за истите да не се повторат.

„Одигравме под нашето нивно и заслужено бевме поразени. Овој пораз треба да биде поука како не треба да играме пред битолската публика. Секој од нас треба да сноси одговорност и да ги согледа грешките. Треба да работиме напорно за овој меч да не нисе повторно. Сега, пред нас е уште мечот со Татабања, за потоа сите напори да ги насочиме кон плеј-офот“, рече Чаневски.

Последниот натпревар во групната фаза Еурофарм ќе го одигра за седум дена на гости кај Татабања. Дуелот се игра за сеудм дена со почеток во 13:00 часот.

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2