ВИДЕО: Чаневски се специјализира за седмерци - трипати ги прочита Хрватите!

Во многу збркано прво полувреме, Еурофарм Пелистер има минимално заостанување зад Нексе Нашице во Хрватска, во првиот осминафинален натпревар од СЕХА лигата. Хрватите имаа четири седмерци во првото полувреме, но трипати нивните удари ги одбрани Градимир Чаневски.

Македонскиот голман им ги одбрани ударите на Кевиќ, Баришиќ и Милета. 

  • Трите одбранети седмерци на Градимир Чаневски:

По првите 30 минути расположен е и Митревски со пет одбрани, но и покрај тоа Нексе Нашице минимално води против Еурофарм Пелистер со 10-9.