Чаневски: Премногу грешевме, а промашивме и многу чисти шутеви

Како и на претходните два натпревари против ГОГ Гудме и Кадетен Шафхаузен, Еурофарм Пелистер одигра далеку послабо второ полувреме од првото, иако вечерва впечаток беше дека и добар втор дел немаше да им биде доволен за подвиг против Германците.

По поразот од 28-20, голманот и капитен на македонскиот претставник, Градимир Чаневски рече:

„Правевме многу грешки во нападот, а и промашивме многу чисти шутеви. Сега мора тоа да го анализираме и да се поправиме за следните натпревари. Беше задоволство да се игра во „САП Арена“, но ќе видиме што ќе се случи на натпреварот во Битола“.

Со оглед на тоа што беа одложени двата натпревари од четвртото коло на групата Д на Европската лига, не се менуваат многу работите на врвот, каде само германскиот претгставник Рајн Некар Левен има максимален учинок од две победи од два одиграни натпревари.