Чаневски одново блесна на голот, Макаби Ришон Ле Зион стана шампион на Израел

Поранешниот македонски репрезентативец Градимир Чаневски забележа голем успех во Израел и во својата прва интернационална авантура го подигна шампионскиот трофеј. 

Во мајсторката од финалната серија во израелскиот шампионат, Чаневски и неговиот Макаби Ришон Ле Зион го надиграа големиот ривал Хапоел Ашдод и со победата од 26-25 стигнаа до посакуваниот трофеј.

Нашиот чувар на мрежата одново беше брилијантен на голот и со дванаесетте одбрани беше еден од најдобрите поединци во својот тим.

Искусниот Чаневски во Израел се пресели пред една година од редовите на Бутел Скопје и со Макаби Ришон Ле Зион потпиша договор на две сезони