Чаневски: Одиме да се надигруваме во Битола и покрај проблемите со повреди

Еурофарм Пелистер и Охрид вечерва ќе се соочат во рамките на  седмото коло од плеј-офот во Суперлигат. Се очекува полна сала во Битола и неизвесна борба како и пред два месеци во Охрид.

Поранешниот капитен на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски, е мотивиран за враќањето во Битола.

„Играме со Еурофарм Пелистер кој во два наврати избори тесни победи во Охрид кои можеа да имаат и друг конечен исход. Во Битола ќе биде малку потешко, но, одиме да се надигруваме и покрај некои проблеми што ги имаме во ростерот. Имаме квалитет и се надевам дека ќе одиграме добар натпревар“, вели голманот Градимир Чаневски.

Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.