ВИДЕО: Чаневски ја има нај-одбраната на групната фаза на СЕХА лигата

Македонските екипи во август ќе играат во нокаут фазата на СЕХА лигата. Еурофарм Пелистер има директно место во четвртфиналето, а Вардар ќе разигрува за пласман меѓу осумте најдобри.

Градимир Чаневски е автор на најдобрата одбрана за месец април во регионалната лига. Чуварот на битолската мрежа натпреварот Татран Прешов - Еурофарм Пелистер одбрани седмерец, а потоа чудесно го спаси својот гол.

Иван Мороз од Мотор, Лука Арсениќ од Војводина, Михајло Радовановиќ од Нексе и Маркос Колодети од Татран Прешов се најдоа исто така во изборот.