• Иван Димовски

ЖРК Чаир ќе се судри со холандски Венло во рамките на Европскиот Куп на ЕХФ. Во овој двомеч засилениот македонски тим има сериозни амбиции и сака да го мине ривалот за пласман во следната фаза.
Поради тоа, од клубот се решија да ги отворат вратите на салата „Автокоманда“ каде што ќе бидат домаќини. Со цел поголема поддршка од трибините, ЖРК Чаир нема да продава билети за дуелот со Венло, туку влезот ќе биде слободен.
„Почитувани, спортски љубители на ракометот, сакаме да информираме дека сите гледачи кои ќе сакаат да го следат овој меч ќе добијат бесплатни билети. Во ситуација кога сме блиску до пласман во третата квалификациска рунда, неопходна ни е максимална поддршка, па затоа ги покануваме сите да дојдат и да ни дадат сила против екипата на Холандија“, напишаа чаирчани.
Пресметката меѓу ЖРК Чаир и Венло во „Автокоманда“ е закажана за в сабота во терминот од 14:00 часот, додека реваншот е седум дена подоцна на гости.