Чаир се разбуди во вториот дел, но загуби на првата средба против Макаби

Ракометарките на ЖРК Чаир загубија на домашниот меч против Макаби Аризим (30-33) во 1/16-финалето од ЕХФ Европската лига.

Гостите од Израел покажаа зошто се фаворити во двомечот со ефикасно прво полувреме. Домашната одбрана не функционираше на посакуваното ниво и прими дури осумнаесет гола за триесет минути. Тоа не ги обесхрабри чаирчанки, кои се покажаа во поинакво светло во продлжението од мечот.

Долго време македонскиот претставник имаше позитива во вториот дел. Меѓутоа, немаше доволно сила за да се избори за целосен пресврт. Макаби рутински, во завршницата од дуелот, успеа да ја потврди победата.

Реваншот меѓу овие две екипи е закажан за шест дена (10 декември).