• Горан Упале
Еден од најдобрите ракометни тимови во женската Суперлига, ЖРК Чаир продолжува да го засилува својот ростер за следната сезона.
Нов член на тимот од Скопје е Марија Галевска, среден бек кој последната сезона ја одигра во екипата на Овче Поле Славјански Универзитет.
„Станува збор за ракометарка кoja сезонава игра повторно на високо ниво. Креативна, енергична, со одличен преглед на играта. Нејзиното враќање во форма веднаш го подигна квалитетот на ЖРК Овче Поле, особено во нападот.
Таа прерасна во одличен „плеј“ од репрезентативен калибар. На Марија им посакуваме многу успех и многу трофеи и достигнувања, како на тимски така и на индивидуален план“, се вели во објавата на ЖРК Чаир.
Галевска потекнува од школата на ЖРК Вардар, каде од пионерска до сениорската лига беше дел од таборот на „црвено-црните“.