• Мартин Танасковски
Македонскиот ракометен суперлигаш ЖРК Чаир објави дека во новата сезона ќе биде без услугите на капитенот Леонора Рахмани.
Ракометарката која е родена во 2000 година и игра на бековската позиција тргнува во интернационален предизвик. Рахмани кариерата ќе ја продолжи во Азербејџан, информираат од ЖРК Чаир.
Рахмани беше дел од клубот од 2019 година, а претходно настапуваше за Истогу од Косово. Македонската ракометарка играше со голем успех во суперлигашот, а од таму истакнаа дека е вистински пример за сите.