• Иван Димовски
Женскиот ракометен клуб ЖРК Чаир потврди дека натпреварите од осминафиналето на Европскиот куп на ЕХФ ќе ги одигра на домашен терен.
Славија Прага ќе гостува во Скопје, меѓутоа има една промена. Наместо како што беше најавено и досега се играше во салата „Автокоманда“, ЖРК Чаир ќе биде домаќин на двата меча во СЦ „Борис Трајковски“.
Причината за промената е фактот дека во јануари ќе се реновира дел од салата на Алкалоид во скопската населба Автокоманда. Поради тоа чаирчани мораа да менуваат, а ја одбраа Арената „Борис Трајковски“ за нов дом.
Натпреварите меѓу ЖРК Чаир и Славија Прага ќе се одиграат на 18 и 19 јануари.