• Иван Димовски

Ракометарките на ЖРК Чаир го загубија првиот дел од двомечот против Венло (26-39), во рамките на првата рунда на Европскиот Куп на ЕХФ. Холанѓанките ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа нашиот амбициозен тим во салата „Автокоманда“.
Уште од стартот Венло се наметна, тргна со 0-3, а потоа бргу поведе и со високи осум разлика (2-10). Чаирчанки немаа решение за играта на гостинките кои дојдоа и на во првиот дел максимални плус десет, додека на одмор се замина со резултат 10-19.
На стартот на продолжението ЖРК Чаир парираше и едно време не дозволуваше ривалот дополнително да се одлепи. Сепак, дојде до црна серија и од 15-23, Венло направи серија од 7-0. Со таква предност се играше до крајот и македонскиот претставник го загуби дуелот против фаворитот.
Енигма за одбраната на чаирчанки беше Лисане Круисвијк, бидејќи даде 11 погодоци, а ја бодреше Грумел со седум. Во таборот на нашиот тим пак, по шест пати погодија Теодора Дукоска и Марија Николовска.
Ова не е крајот на европската есен за Чаир, бидејќи за седум дена гостуваат кај Венло.