• Сашо Поповски


Во очекување на завршниот турнир во Будимпешта овој викенд, Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) направи компилација од најдобрите 15 гола од тековната сезона во Лигата на шампионите (ЛШ).
Во истата беа постигнати вкупно 5.237 гола, а ракометарките на ЖРК Вардар на оваа листа учествуваа со еден погодок. Тој се случи на дуелот против Турингер минатата година, а го реализираа Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ, кои одлично комбинираа и со цепелин ја кренаа атмосферата во СЦ „Јане Сандански“.
Погледнете ги ТОП 15 гола во сезоната 2017/18 во Лигата на шампионите: