ВИДЕО: Цепелинот на младите „бисери“ на Металург е најдобар во СЕХА

Медиа тимот на регионалната СЕХА лига во ракомет на навивачите им понуди неколку атрактивни цепелина во последните неколку изданија. Атрактивниот гол на Мартин Серафимов, на асистенција на Димитар Димитриоски против српскиот Железничар на 27 февруари 2019 година се најде на врвот на листата.

  • Цепелинот на Димитриоски и Серафимов: 

Сезоната во регионалната лига е прекината поради пандемијата на коронавирусот, а завршницата на старата сезона се најавува за крајот на август и почетокот на септември.