ВИДЕО: „Цепелинот“ на Лазарови, меѓу најдобрите потези на денот на СП

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги одбра најдобрите потези од вчерашниот ден на Светското првенство (СП) во Германија и Данска, а меѓу нив има место за една наша акција од нашиот национален тим.

Меѓу најдобрите потези, на четвртото место се најде „цепелинот“ на браќата Филип и Кирил Лазаров. Кире го проигра Филип, а тој во „лет“ заби во голот на Јапонија пред финишот на средбата.

Првото место на листата на најубави потези е резервирано за Пабло Симонет од Аргентина, кој погоди атрактивно, во пад.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0