ВИДЕО: Цепелинот на Лазаров втор најатрактивен потег на колото во Франција! 

Кирил Лазаров претходната седмица го одигра најдобриот натпревар за Нант во новата натпреварувачка сезона. Францускиот гигант со убедливи 39-20 славеше против тимот на Трембле, а нашиот репрезентативен капитен блескаше на теренот и постигна девет гола. 

Еден од нив беше супер-атрактивен, откако Лазаров пронајде дупка во противничката одбрана и со гол од цепелин го имаше вториот најатрактивен потег на колото во францускиот шампионат. 

  • Најатрактивните потези на колото во Франција: 

По пет одиграни кола во новата сезона, Нант се наоѓа на втората позиција на табелата со скор од четири победи и едно реми.