• Горан Упале

Македонскиот ракометар Кирил Лазаров во средата го одигра последниот лигашки натпревар во кариерата. Нант славеше убедлива победа над Тулуз, а нашиот селектор реализира три гола, од кои два беа цепелини.
Токму еден од нив си доби место меѓу најатрактивните во последното коло од француската ракометна елита. На асистенција на крилото Балагер, Лазаров „полета“ и атрактивно ја смести топката во противничката мрежа.
- Најдобрите погодоци на колото во француската елита:
По натпреварот, Лазаров доби стоечки овации од 6.000 публика во салата и во пензија беше испратен како „крал“. Својот последен натпревар ќе го одигра на 11 јуни во финалето од Купот на Франција против ПСЖ.