ВИДЕО: Цепелинот на Лакрабер и Лекиќ дел од ТОП 5 листата на ЕХФ!

Ракометарките на ЖРК Вардар на најдобар можен начин се поздравија со домашната публика во „Јане Сандански“, откако пред два дена по фантастичен ракомет повторно славеа над Митјиланд и обезбедија ново учество на завршниот турнир. 

На овој меч Ирина Дибирова имаше неколку расположени ракометарки, кои беа нерешлива енигма за гостинките и со атракции добиваа овации од фановите. 

Од мноштвото на атрактивни потези на вардарки, цепелинот на Лакрабер и Лекиќ се најде на четвртото место на ЕХФ ТОП 5 листата за најубави голови од четвртфиналните реванш средби на Лигата на шампионите.

Најатрактивните пет гола од оваа фаза можете да ги погледнете на ОВОЈ линк.