ВИДЕО: Цепелини, несовладлив Чаневски, непогрешлив Граџан - како Еурофарм го освои Берн

Ракометарите на Еурофарм Работник со песна се вратија од Берн. Го совладаа швајцарскиот претставник во ЕХФ Купот, Берн Мури, играа допадлив ракомет и пак собраа многу симпатии меѓу ракометните љубители во нашата земја.

Погледнете дел од најатрактивните потези на „фармацевите“: цепелин, одбрани на Чаневски, голови на Граџан, мајстории на Кузмановски и на крај победа од 28-30.

Еурофарм Работник в четврток ќе ги доби противниците за групната фаза н ЕХФ Купот, која почнува во февруари 2019 година.