• Зоран Мишевски
Единствениот европски првак од Словенија продолжува да тоне сезонава, па испадна од националниот Куп и го смени предводнико. Елиминацијата од Купот на Словенија беше капката што ја прели чашата кога е во прашање статусот на Алем Тоскиќ на клупата на Целје Пивоварна Лашко.
Поранешниот српски репрезентативец кој по шест сезони играње, седна на клупата на клубот од „Златорог Арена“ во летото 2021 година, поднесе оставка по серијата лоши резултати предизвикани од постојаното заминување на играчите во текот на сезоната. Тоскиќ освои две титули со Целје и играше во Лигата на шампионите, но постојаното трошење на играчкиот кадар поради скромните финансии предизвика словенечкиот гигант оваа сезона да го загуби чекорот со ривалите Горење и Тримо Требње.
Поранешниот пивотмен ја започна својата тренерска кариера во Чургу од Унгарија, во 2019 година.