• Саше Љолес
Ракометниот клуб Целје Пивоварна Лашко е освојувач на словенечкиот Суперкуп, откако триумфираше над Ормож со 31-22. Тимот на поранешниот „вардарец“, Алем Тоскиќ немаше преголеми проблеми и сосема заслужено дојде до првиот овосезонски трофеј.
Првото полувреме мина во прилично изедначена игра и на паузата резултатот беше 15-15, но во вторите триесет минути Целје „стави во петта брзина“ и го наполни голот на ривалот. Конечната победа од осум голови разлика е реално отсликување на случувањата на теренот и Целје заслужено го освои Суперкупот на Словенија.
Најефикасен во победничкиот тим беше Митја Јанц со седум постигнати голови, а по него следуваа Кречиќ и Мазеј, со по три погодоци.